Манчестер Јунајтед со 70 милиони евра тргнува по асот на Барселона

Манчестер Јунајтед ова лето ќе се обиде да го направи невозможното, на „Олд Трафорд“ да го донесе младиот талент на Барселона, Фермин Лопез, трансфер за кој „црвените ѓаволи“ се подготвени да издвојат 70 милиони евра.

Лопез потекнува од младинската школа на Барселона, но се уште го нема загарантирано местото во првиот тим. Минутажата и желбата на Барселона за голема заработка се адутот на кој се надева Манчестер Јунајтед во успешни преговори.

Сепак многу зависи и од 22-годишникот кој изрази желба да остане дел од Барселона и да се обиде да се наметне во првиот тим.

Се вчитува...