Манчестер Јунајтед го откри планот за можна прослава на шампионската титула во Лига Европа, доколку биде совладан Тотенхем во големото финале кое ќе се одигра во Билбао на 21. мај.
Раководството на славниот англиски клуб за разлика од Тотенхем кој ќе приреди парада на улиците на Лондон, скромно ќе го одбележи успехот со скара во тренинг центарот во Карингтон.
Причината за тоа е густиот распоред. Само четири дена по финалето Манчестер Јунајтед го очекува последното коло од Премиерлигата, а веднаш потоа и турнеја во Малезија и Хонг Конг на крајот на месец мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

