„Манчестер Јунајтед стана клуб за погребување на тренери и на фудбалери“

Манчестер Јунајтед се соочува со огромна криза на стартот од новата сезона, тимот за првпат по цели 37 години претрпе шест порази во првите десет меча од една сезона, а Ерик тен Хаг не делува како стратег кој може да најде излез од кризата.

Долгогодишниот фудбалер на Јунајтед, Гери Невил, во анализа за британските медиуми му даде поддршка на Тен Хаг, порачувајќи дека проблемите на најтрофејниот англиски клуб се многу подлабоки и не смеат да се лоцираат само кај тренерот.

„Искрено, многу ми е жал гледајќи го Тен Хаг, Многу луѓе ќе кажат дека мора да биде подобар, но ако се вратиме наназад, во последните десетина години сите тренери имаа вакви периоди. Јунајтед е клуб со проблеми и додека тие проблеми не бидат решени, ќе гледаме тренери кои не ги исполнуваат очекувањата и играчи кои не играат онака како што знаат и умеат. Тоа е тажната вистина – Манчестер Јунајтед стана клуб каде се погребуваат тренери и фудбалери. Како може толку да се бориш за некои играчи да дојдат во Јунајтед, тие на крај да те изберат одбивајќи бројни други понуди, и потоа речиси сите нови засилувања да не играат како што се очекува од нив. Икрено, немам објаснување, но тој проблем мора да биде лоциран и решен пред прстот да се насочува кон тренерите“, изјави Невил.

Се вчитува...