Манчестер Јунајтед најде резерва за Де Хеа

Манчестер Јунајтед ова лето дозволи заминување на Дин Хендерсон, но на три дена пред крајот на преодниот рок се уште нема замена за младиот голман. „Црвените ѓаволи“ беа одбиени од Зомер и Трап па погледот сега го насочија кон Мартин Дубравка. Преговорите со Њујасл вродија со плод и Дубравка доби зелено светло за да се пресели на „Олд Трафорд“, каде ќе ја има улогата на резерва на Давид де Хеа.

Словачкиот голман е дел од Њукасл, но таму го изгуби местото од страна на Ник Поуп па сега размиислува за промена на средината. Според информациите на англиските медиуми искусниот 33-годишник веќе го прифатил трансферот и се очекува наскоро да стане нов голман на „црвените ѓаволи“.

Тој на „Олд Трафорд“ ќе стигне на едногодишна позајмица, а Манчестер Јунајтед ќе има опција следното лето целосно да го откупи неговиот договор за пет милиони фунти.

Се вчитува...