После магичниот пресврт и незаборавната вечер на Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед успеа да го мине Лион и да се пласира во полуфиналето во Лигата на шампионите. Јунајтед испушти предност од 2-0, на крајот мечот заврши 2-2, па мечот отиде во продолженија. Лион постигна гол, па остана со играч помалку. Сепак, гостите имаа 4-2, и се чинеше дека нема што да го спаси тимот од Манчестер.
Меѓутоа во 114 минута Фернандеш погоди за намалување, па Мајно погоди за израмнување, и кога се чинеше дека ќе се оди на пенали, Мегваер успеа да постигне гол, и да го однесе тимот на „црвените ѓаволи“ меѓу најдобрите четири.
Тренерот на клубот, Рубен Аморим најавува дека екипата ќе оди целосно кон пехарот во ова натпреварување, и пласман во Лигата на шампионите идната сезона, најавувајќи драстични промени во екипата во настапите во Премиерлигата.
„Целосен фокус на Лигата на Европа, а во Премиерлигата ќе ризикуваме, ќе играме со младите играчи. Се надевам и посакувам нашите навивачи да го разберат тоа. Сега Лигата на Европа ни е прироитет“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА