Манчестер Јунајтед се соочува со огромни и неочекувани проблеми откако пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата останаа без услугите на Лени Јоро и Расмус Хојлунд кои заработија повреда на пријателскиот натпревар против Арсенал.
Французинот се очекува да биде надвор од теренот до месец октомври, а Данецот да ги пропушти првите натпревари во сезоната што го примора раководството на тимот на екстремен потег да најде нивни замени на трансфер маркетот, пренесуваат англиските медиуми.
Веќе подолго време примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед е Матијас де Лихт, но „црвените ѓаволи“ не можат да најдат заеднички јазик со Баерн Минхен за реализација на трансферот па во случај и новата понуда да биде одбиена од Германците клубот ќе се сврти кон Џеред Врантвејт.
За напаѓачката позиција Тен Хаг може да смета на летното засилување Џошуа Зиркзе, но Холанѓанецот нема премиерлигашко искуство па погледот е свртен кон Иван Тони, англискиот репрезентативец кој пред да добие повеќе месечна суспензија поради обложување беше еден од најбараните фудбалери на „Островот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА