Манчестер Јунајтед тргнува по Асенсио

Манчестер Јунајтед веќе започнал преговори со ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио. Шпанецот не е задоволен од статусот кој го има во тимот, па сериозно размислува да го напушти клубот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е подготвен да го продаде, бидејќи на лето Асенсио влегува во последната година од договорот. Реал кој го проценува офанзивецот на цена меѓу 30 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати, па сега започнал преговори со агентот на фудбалерот.

Проблем е што Шпанецот сака да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампиони, но му се допаѓа идејата да се пресели во Премиер лигата.

 

 

Се вчитува...