Манчестер Јунајтед не успеа да го реализира трансферот на Дарвин Нуњез па погледот го насочи кон фудбалерот на Рома, Тами Абрахам. Голгетерот кој е љубимецот на Жозе Мурињо имаше одлично деби во Италија, но по само една сезона може да се врати на „Островот“.
Англичанецот кој претходното лето реализираше трансфер вреден 40 милиони евра на 37 одиграни средби во Серија А постигна 17 гола и 4 асистенции, а беше и лидер на тимот во Конференциската лига каде Рома стигна до трофејот со осум голови.
Рома не е расположена за продажба на 24-годишникот, но трансферот може да се реализира доколку Манчестер Јунајтед издови околку 80 милиони евра со оглед на тоа што поранешниот фудбалер на Челси има посебна клаузула во договорот која му овозможува враќање во редовите на „сините“ за 67 милиони евра во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА