Манчестер Јунајтед тргнува по Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Манчестер Јунајтед извиси во трансферот на Френки де Јонг и покрај тоа што „црвните ѓаволи“ и Барселона ги договорија условите за негов премин на „Олд Трафорд“. Холанѓанецот посакува да остане во редовите на каталонскиот гигант, па англискиот клуб погледот го насочи кон Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Српскиот репрезентативец од редовите на Лацио е опција број еден по Де Јонг и на него се гледа како долгорочно решение. 27-годишникот е дел од италијанскиот клуб од 2015 година и оттогаш се наметна како еден од најдобрите на неговата позиција.

Тоа беше и повод за Лацио во минатото да одбива понуди и од по 100 милиони евра за неговите услуги, а овој пат очекувањата се Манчестер Јунајтед да проба да го ангажира за околку 70 милиони евра со оглед на тоа што неговиот договор остекува во 2024 година.

Се вчитува...