Манчестер Јунајтед спречил да биде емитуван дел од телевизиско интервју на Џеси Лингард каде што тој зборувал дека е неопходен пласман во Лигата на шампионите за да може клубот да доведе звучни имиња на лето. Наводно, Јунајтед интервирал и тој дел од интервјуто не бил емитуван.
Постои објаснување дека спорното парче не било емитувано поради тоа што било дел од разговорот во кој Лингард зборувал за поранешните тренери и оти затоа всушност не излегло во јавност.
Сепак, добро упатени извори го отфрлаат ова објаснување и тврдат дека Јунајтед стравува од фактот оти и покрај сето богатство, клубот нема да може да доведе засилувања ако пропушти пласман во Лигата на шампионите, што би било трето отсуство од елитното натпреварување во последните пет години.
Манчестер Јунајтед денеска против Хадерсфилд игра еден од пресудните натпревари за конечниот пласман на табелата. Во моментов е на шестото место со три бода помалку од четвртопласираниот Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА