Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на фудбалерот на Лил и еден од најдобрите фудбалери сезонава во француската Лига 1, Николас Пепе, пренесуваат англиските медиуми.
Тој е еден од најзаслужните за одличната сезона на Лил и пласманот во Лигата на шампионите, бидејќи во француското првенство досега постигна 20 гола и забележа 11 асистенции. Од францускиот тим изјавија дека Пепе сигурно ќе ја промени средината на крајот од сезоната, но дека за неговите услуги тие сакаат убаво да заработат.
Лил за Пепе бара 70 милиони евра, сума поради која Баерн Минхен се откажа од трката за неговиот потпис. За Манчестер Јунајтед тоа не би претставувало голем проблем.
Покрај „црвените-ѓаволи“, за потписот на Пепе се заинтересирани и Арсенал и Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА