Манчестер Јунајтед во игра за Душан Влаховиќ

Душан Влаховиќ е еден од најбараните играчи на трансфер маркетот. Српскиот интернационалец кој блеска во последните две сезони најверојатно ќе ја напушти Фиорентина во летниот преоден рок, а која ќе биде неговата следна дестинација останува да видиме.

За услугите на 21-годишникот е заинтересирана пола Европа. Од Јувентус и Милан на Апенинскиот полуостров преку Реал Мадрид на Пиринејскиот до Манчетер Сити и Ливерпул на „Островот“, а последен кој се приклучи на „европскиот крем“ е Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

„Црвените ѓаволи“ во напаѓачот кој оваа сезона постигна десет голови на 13 средби во Серија А гледаат како стабилност во иднината и замена за Кристијано Роналдо во нападот. Но, со оглед на тоа што Португалецот има договор до јуни 2023 година истото може да биде и пречка во амбициите на Србинот кој бара сигурно место во почетниот состав.

Се вчитува...