Манчестер Јунајтед во финишот го „среди“ Лидс (ВИДЕО)

Петминутен „блицкриг“ во финишот на Манчестер Јунјатед, за победа на гостувањето кај Лидс, и останување во игра за титулата во Премиерлигата.

Јунајтед догло време го „кршеше“ отпрото на домашните, а успеа во тоа дури во 80. минута кога Рашфорд со глава го најде патот до мрежата на Лидс. Пет минути подоцна на асистенција на Вергост, во мрежата на Лидс погоди и Гарначо и ја завери победата.

Во финишот Рашфорд постигна гол, но истиот беше поништен по консуклтација со ВАР.

Со оваа победа Јунајтед се доближи на пет бода до првопласираниот Арсенал, но Јунајтед има и два меча повеќе.

Се вчитува...