Манчестер Јунајтед запиша само една победа на последните пет меча, откако денеска ремизираше против Лидс играјќи 1:1. Лидс поведе, но по само три минути тимот на Рубен Аморим успеа да израмни, и да дојде до еден бод, играјќи го седмото реми во сезоната.
Калверт Луин во 35. минута од натпреварот имаше одлична шанса, но ја погоди стативата. Лени Јоро имаше прилика на крајот од првиот дел, голманот на Лидс одлично одбрани.
Аронсон во 62. минута поведе откако излезе сам пред голот на Леменс, и донесе домашна радост. Сепак, само три минути подоцна Куња успеа да се снајде во шеснаесетникот, и да го израмни резултатот.
Окафор имаше шанса за Лидс до крајот на мечот, а на другата страна Шешко промаши прилика да донесе триумф на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

