Најуспешниот англиски фудбалски клуб Манчестер Јунајтед минатата сезона ја заврши во голема финансиска загуба.
Во црвениот дел на градот на 30. јуни е пресметан минус од дури 113,2 милиони фунти, што само по себе е доволно за прекршување на прописите за профит и одржливост, кои дозволуваат загуби од 105 милиони фунти, во три натпреварувачки сезони. Така Јунајтед значително ја надмина секоја граница само гледајќи ја претходната сезона, а ако на тоа се додаде и минусот од 42,1 милиони фунти од финансиската 2022/2023 година и тој од 115,5 милиони една година порано ќе ни даде бројка од неверојатни 270,8 милиони фунти од вкупниот дефицит на „црвените ѓаволи“ во период од три натпреварувачки години.
Голем дел од споменатиот минус оди е на сметка на нерационално високите плати на поединечни играчи, како и преплатените трансфери, во трансфер периодите во изминатиот период. Лошата трансфер политика е еден од главните извори на незадоволство кај навивачите на Јунајтед, а минусите од претходните години му отворија пат на Сер Џим Ретклиф да купи 27,7 отсто од акциите на клубот.
Тимовите како Евертон и Нотингем Форест веќе ги почувствуваа последиците од кршењето на прописите за профит и одржливост минатата сезона, кога мораа да се соочат со парични казни, како и одземање бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА