Манчестер Јунајтед во „пет до 12“ се обидел да ангажира играч на Атлетико

Манчестер Јунајтед се обиде да го врати Конор Галагер во Англија, и тоа во последниот ден од преодниот рок.

„Црвените ѓаволи“ се обидоа да го земат играчот од средниот ред на позајмица од Атлетико Мадрид, но беа одбиени. Претходно во текот на летото, Кристал Палас направи сличен обид, но Атлетико Мадрид веднаш ја одби понудата.

Галагер минатата сезона одигра 20 натпревари во сите натпреварувања за тимот на Симеоне. Тој ја започна првата половина од новата сезона и беше резерва во следните два натпревари.

Според шпанските медиуми, Атлетико би се разделил од Англичанецот само ако добие понуда од околу 35-40 милиони евра.

Се вчитува...