Манчестер Јунајтед размислува за ангажман на нов голман, после бледите партии на Андре Онана од почетокот на сезоната. Според „Спорд Медиасет“, тимот од Олд Трафорд ќе тргне по чуварот на мрежата на Лацио, Иван Проведел кој уште во зимскиот проедоен рок би можел да се пресели во Премиерлигата.
Римскиот клуб е подготвен за преговори, но за него бараат 35 милиони евра, сума која Јунајтед во моментов не е подготвен да ја плати со оглед дека добро одвоија за Онана, додека Де Геа замина како слободен агент.
Проведел минатата сезона бранеше на сите 38 натпревари за Лацио во Серија „А“. Неговиот договор со римските „небесно сини“ е до 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА