На Манчестер јунајтед и на Жозе Мурињо на терен не им оди најдобро, но акционерите во клубот спеак може да бидат задоволни од рекордниот пораст на вредноста на акциите.
Истиот ден кога „црвените ѓаволи“ претрпеа еден од најтешките порази на домашен терен од Тотенхем со 0-3, акциите на клубот на њујоршката берза достигнаа годишен раст од 55 проценти и рекордна вредност од 26,05 долари по акција.
Тоа ја зголеми вредноста на клубот на рекордни 4,8 милијарди долари со што Манчестер јунајтед се изедначи до Далас каубојс и сега со нив ја дели титулата највреден спортски клуб во светот, објави магазинот „Форбс“.
Манчестер јунајтед во текот на сезоната 2016/2017 оствари приход од 737 милиони долари по што е исто така рекордер, а има и највисок комерцијален приход во спортот во истиот период од 354 милиони долари. Во оваа категорија англискиот тим бележи годишен раст од 19 проценти во последните пет години.
„Јунајтед има 659 милиони навивачи во светот од кои 325 милиони во Азија. Тие се загрижни со тоа како изгледа нивниот омилен тим на терен, но навивачите на Јунајтед на Вол Стрит бележи само триумфи“ – стои во анализата на „Форбс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА