Манчестер Јунајтед бара начин како да се ослободи од вишокот на играчи, па така според англиските медиуми планира да им ги понуди на клубовите од Саудиска Арабија крилните фудбалери Ентони и Џејдон Санчо.
За двајцата Јунајтед има намера да инкасира околу 100 милиони фунти, или нешто помалку од парите кои ги плати за нив на Борусија Дортмунд, односно на Ајакс.
Џејдон Санчо во моментов е позајмен во Борусија Дортмунд, и нема клаузула за негов задолжителен откуп, додека Ентони сезонава немаше ниту еден гол ниту асистенција, и од тука тимот од Олд Трафорд е подготвен да го даде на заинтересиран клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА