Манчестер Јунајтед е непрепознатлив откако Оле Гунар Солскјер потпиша постојан договор со великанот од „Олд трафорд“. „Црвените ѓаволи“ синоќа во градската пресметката загубија и од Манчестер Сити. По неверојатната серија на победи како в.д. менаџер, Солскјер во последните девет меча забележа седум порази.
Тимот од „Олд трафорд“ го достигна бројот од 50 примени гола во првенството, што последен пат му се има случено пред 40 години, во сезоната 1978/79. Важно е да се напомене дека во тоа време форматот на натпреварување бил поразличен и во него учествувале 22, наместо 20 екипи. Таа сезона Ливерпул бил шампион на Англија.
Тимот на Солскјер по 35 кола е шестопласиран во Премиер-лигата со 64 бода, а зад четвртопласираниот Челси со кој ќе се сретне во недела, заостанува три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА