Хрватскиот репрезентативен напаѓач од редовите на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ е голема трансфер цел на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
Искусниот 29-годишен голгетер игра фантастична сезона во која со седум постигнати голови е најдобар стрелец на Конференциската лига, а притоа додаде и девет голови и три асистенции во хрватското првенство па го примами интересот на „црвените ѓаволи“.
Скаутите на Манчестер Јунајтед присуствувале на „Максимир“ и во живо го гледале новиот потенцијален фудбалер и наскоро се очекува да бидат започнати преговори за трансфер.
Динамо Загреб се соочува со финансиски проблеми и по крајот на сезоната се очекуваат заминувања од Загреб, а несомнено еден од нив ќе биде и Петковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА