Манчестер Јунајтед ги загуби шансите за пласман на една од четирите позиции кои следната сезона водат во Лигата на шампионите, откако само ремизираше 1-1 на гостувањето кај фенерџијата Хадерсфилд во 37. коло во Премиер-лигата. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на младиот Скот Мек Томинај во 8. минута. Во продолжението на мечот Погба на двапати ја погодуваше пречката, а конечните 1-1 ги постави Исак Мбенза во 60. минута. Челси е на чекор до пласман во Лигата на шампионите откако на домашен терен беше сигурен против Ватфорд, кој го совлада со 3-0. Избраниците на Маурицио Сари го срушија отпорот во второто полувреме со головите на Лофтус Чик во 49, Давид Луиз во 51. и Гонзало Игуаин во 75. минута.
На табелата Челси изби на третото место со 71 бод, а Манчестер Јунајтед остана шести со 66 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА