Раководството на актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити не е најзадоволно околу атмосферата на „Етихад“ на натпреварите од Лигата на шампионите, па поради тоа ја ангажираа инфлуенсерската платформа „Tribe“ која треба да ја поправи атмосферата на стадионот.
Тие тврдат дека слабите противници, Динамо Загреб, Аталанта и Шахтјор им носат помалку навивачи на стадионот. Со кампањата тие целат на публика од 18 до 55 години бидејќи преку нив сакаат на младите да им пренесат како изгледа еден меч на тимот.
За да се пријават и да станат промотори на клубот тие мора на „инстаграм“ да имаат минимум 5 илјади следбеници, а услов да објавуваат фотографии и видеа на кои се гледа „неверојатната атмосфера на Етихад“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА