Манчестер сити без проблеми преку Урава до финале на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Актуелниот европски и англиски шампион Манчестер сити без проблеми се пласираше во финалето на Светското клупско првенство, откако во вториот полуфинален дуел славеше над јапонската Урава со рутински 0-3.

„Граѓаните“ до водство од 0-1 стигнаа во првата минута од судиското надополнување со автоголот на Хојбратен. 0-2 за номиналните гости донесе Матео Ковачиќ со својот деби гол за Сити во 52. минута, додека конечните 0-3 беа дело на Бернардо Силва во 59. минута.

Во финалето избраниците на Пеп Гвардиола за противник ќе го имаат јужноамериканскиот шампион, Флуминенсе.

Urawa Red Diamonds 0 – [3] Manchester City – Bernardo Silva 59‎'‎
byu/MarcoRuss insoccer

Се вчитува...