Манчестер Сити без проблеми во 1/4 финалето во ФА Купот

Манчестер Сити за само седум минути со два гола обезбеди пласман во 1/4 финалето на ФА Купот, откако вечерва го совлада составот на Питерборо.

Махрез во 60 и Грилиш во 67. минута беа стрелци на головите, на две асистенции на Фоден.

И покрај тоа што стануваше збор за Куп натпревар, сепак, Гвардиола не ризикуваше и настапи со речиси целиот прв состав.

Се вчитува...