Манчестер сити ќе биде дополнително ослабен за утрешното гостување против Вест хем, откако Пеп Гвардиола за време на репрезентативната пауза остана без помошта на Бернардо Силва. Португалскиот плејмејкер е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити сезонава, но се повреди при еден од последните тренинзи на националниот тим, поради што го пропушти и последниот меч со Полска.
„Повредата на Бернардо Силва не е сериозна, но тој дефинитивно нема да може да игра против Вест хем. Ќе мораме да се снаоѓаме без него. Менди беше опериран и ќе следи нова пауза и за него, меѓу два и три месеци“ – изјави Гвардиола на денешната прес-конференција.
Стратегот на „граѓаните“ уште еден месец ќе мора да се снаоѓа и без помошта на Кевин де Бруине, кој неодамна заработи нова повреда на коленото.
Манчестер сити моментно се наоѓа на првото место на табелата во Премиер-лигата со 32 бода, два повеќе од второпласираниот Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА