Младиот талентиран италијански голман Џанлуиџи Донарума летово ќе стане најскапиот играч во историјата на фудбалот. Според „Скај спорт“, Манчестер сити за 18-годишниот голман, е подготвен на Милан да му плати неверојатни 150 милиони евра!
Донарума со 18 години, зад себе веќе има две професионални сезони, дебитираше на голот на Италија е веќе е извесно дека тој ќе биде наследникот на Буфон на голот на „аѕурите“. Тоа е доволна препорака за Сити да даде рекордна понуда со цел да добие голман за подолг период.
Пеп Гвардиола од доаѓањето во Манчестер сити има проблем со голманите. Прво Џо Харт го замени со Клаудио Браво, а бидејќи ниту Чилеанецот не се снајде најдобро , засега прва опција на голот е искусниот Аргентинец, Вили Кабалјеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА