Манчестер Сити е во финалето на ФА Купот на Англија

Манчестер Сити сепак ќе се бори за трофеј оваа сезона откако „граѓаните“ се пласираа во големото финале на ФА Купот, откако попладнево на „Вембли“ славеа во полуфиналната пресметка против Нотингем Форест со 2-0.

Нотингем има сезона од соништата во Премиер-лигата, но „шумарите“ попладнево беа шокирани по нецели две минути колку што им требаше на „граѓаните“ да поведат со 2-0. Поради ова „црвено-белите“ мораа да го променат пристапот, да ја отворат својата игра повеќе од вообичаено, но сепак се мачеа да го загрозат голот на Сити. Печат на триумфот стави Јошко Гвардиол откако Хрватот скокна највисоко по корнерот на Мармуш и ја смести топката во мрежата.

Ривал на избраниците на Пеп Гвардиола во големото финале ќе биде Кристал Палас, откако лондонскиот клуб синоќа славеше над Астон Вила со убедливи 3-0.

Се вчитува...