Фудбалерите на Брајтон му го нанесоа најболниот пораз на тренерот Пеп Гвардиола откако во 11. коло на домашен терен го поразија неговиот Манчестер Сити со 2-1 и тоа по целосен пресврт во второто полувреме.
За Манчестер Сити тоа е чевртти порази во низа, нешто што на шпанскиот стратег му се нема случено во досегашниот дел од тренерската кариера во која ги предводеше и Барселона и Баерн Минхен.
Воедно за Манчестер Сити тоа се четири последователни порази за прв пат по август 2006 година кога тимот беше предводен од Стујарт Пирс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА