Манчестер Сити ги доби најлошите вести: Крај на сезоната за Родри

Манчестер Сити ги доби најлошите вести кога станува збор за повредата на Родри. Шпанецот се повреди на дербито против Арсенал и според првичните информации за него сезоната е завршена.

Играчот за врска мораше да го напушти теренот по 16. минута откако по дуел против Томас Парти остана легнат на теренот да се жали на повреда која е кинење на вкрстените лигаменти на десното колено.

Повредата на Родри доаѓа по само неколку денови откако тој го крена гласот против густиот распоред и пренатрупаниот број на натпревари во една сезона, причина поради која е зголемен бројот на повредени фудбалери во последните години.

Се вчитува...