Aнглискиот премиерлигаш, Манчестер сити го договори првото засилување за летниот трансфер период. „Граѓаните“ си подадоа рака Тијани Рејндерс од Милан.
Клубот од Манчестер веќе постигнал договор со холандскиот фудбалер околу личните услови на трансферот, а сега е блиску и до финален договор со Милан за сума од 70 милиони евра.
Рејндерс на „Сан сиро“ дојде во 2024 година и е еден од нивните најдобри фудбалери. Тој одигра 104 меча во сите натпреварувања на кои постигна 19 голови и додаде девет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

