Манчестер Сити го дозна ривалот во полуфиналето на Светското клупско првенство

Фудбалерите на јапонскиот тим Урава, ќе бидат ривалот на Манчестер Сити во полуфиналето на Светското клупско првенство во Саудиска Арабија.

Јапонците со 1-0 го совладаа Леон од Мексико и така се пласираа меѓу најдобрите четири екипи. Претставникот од Азија беше подобар, но отпорот го скрши дури во 78. минута кога Шалк одлично се снајде и успеа да донесе победа за својата екипа.

Мечот помеѓу Урава и Манчестер Сити е на програмата на 19 декември во 21 часот. Вечерва во второто 1/4 финале се среќаваат египетски Ал Ахли и Ал Итихад од Саудиска Арабија.

Се вчитува...