Манчестер Сити го избра наследникот на Гвардиола

Голема е веројатноста дека Манчестер Сити на крајот на сезоната ќе претрпи крај на една ера. И покрај тоа што договорот на Пеп Гвардиола трае до 2027 година, Шпанецот би можел да замине од клубот.

Раководството на Манчестер Сити веќе подолго време го бара главниот кандидат за негова замена, а одлуката сега е донесена.

Наследник на Гвардиола ќе биде Енцо Мареска, италијанскиот стратег кој со успех го предводеше Челси пред да добие отказ.

Мареска му донесе на Челси два трофеи и кога се чинеше дека „сините“ конечно го најдоа тренерот за долги стази, доби неочекуван отказ.

Според медиумите во Англија истиот се темели на неговото преговарање за работа во Манчестер Сити па нема сомнеж дека е вистинскиот избор за наследник на легендата на клубот.

Се вчитува...