Англискиот првак Манчестер Сити влезе во преговори за ангажман на младиот и талентиран норвешки напаѓач Ерлинг Халанд. Тој блеска во дресот на Салцбург од стартот на сезоната, постигна неверојатни 17 гола на десет натпревари и го воодушеви Пеп Гвардиола. На дебито во ЛШ постигна хет – трик против Генк и најави дека би можел да биде новата европска голгетерска ѕвезда.
Манчестер Сити ќе се обиде да го доведе Халанд уште во зимскиот преоден рок, а подготвен е да плати 60 милиони фунти. Гвардиола сака тој во вториот дел од сезоната да се прилагоди на Премиер – лигата, а од следната сезона да добие вистинска шанса во дресот на „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА