Манчестер Сити го официјализираше Рајан Черки

Манчестер Сити официјално го објави потпишувањето на Рајан Черки од Лион за сума од 34 милиони фунти. 21-годишниот француски репрезентативец потпиша петгодишен договор и ќе биде дел од тимот на Пеп Гвардиола за Светското клупско првенство. Сити го потврди договорот токму кога се затвори вонредниот преоден рок во 21 часот по британско време.

Черки постигна 12 гола и имаше 20 асистенции во 44 настапи во сите натпреварувања за Лион минатата сезона. Тој го имаше своето деби за машката репрезентација минатиот четврток, влегувајќи како резерва во полуфиналето на Лигата на нации против Шпанија и запишувајќи еден гол и една асистенција.

„Ова е сон што ми се оствари. Искрено, да се приклучам на клуб како Манчестер Сити и да имам можност да го направам следниот чекор во мојата кариера тука е нешто многу, многу посебно. Цел живот работев напорно за ова. Го сакам спортот и едвај чекам да се развивам тука во Манчестер со Пеп и неговиот персонал. Секој знае каков добар тим е Сити – тие се толку успешни толку многу години. Одговорноста да му помогнам на тимот да продолжи да победува е нешто што сакам да го преземам. Би го напуштил Лион само за проект во кој навистина верувам, и сè во врска со Сити сугерира дека можам да ја развијам мојата игра и да му помогнам на тимот да биде успешен во иднина. Едвај чекам да им покажам на навивачите на Сити што можам да направам“, изјави Черки за веб страницата на Сити.

Се вчитува...