Манчестер Сити е блиску до потпис на еден од најталентираните фудбалери од генерацијата 2004, Савио Мореира да Оливериа, познат уште како Савињо. Манчестерскиот клуб и Атлетико Минеиро се во завршна фаза од преговорите и очекувањата се наскоро да се постигне договор за трансфер вреден околку 7 милиони евра.
По реализацијата на истиот 17-годишникот се очекува да се пресели на позајмица во ПСВ каде ќе се доразвие во врвен фудбалер. Савињо е трансфер цел и на Арсенал, но Бразилецот би се приклучил на лондонскиот тим само доколку пропадне договорот со Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

