Манчестер Сити го претстави Филипс: Гвардиола ќе ми помогне да бидам уште подобар

Англискиот репрезентативец Калвин Филипс е второто засилување на Манчестер Сити за овој преоден рок, по ангажманот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Големиот борец на средниот ред пристигна од Лидс во трансфер вреден 45 милиони фунти, што денеска беше официјализиран од актуелниот првак на Премиер-лигата.

Филипс го избра дресот со број 4 на Манчестер Сити, што беше слободен уште од заминувањето од клубот на легендарниот дефанзивец Винсан Кпмпани.

„Пресреќен сум што доаѓам во клуб како Манчестер Сити. Овој клуб докажа дека е најдобар во Англија, има извонредна екипа и тренер како Пеп Гвардиола кого со право го опишуваат како најдобар во светот. За мене е чест што доаѓам да играм за Пеп и уште повеќе да напредувам во кариерата“, изјави Филипс по потписот на договорот со „граѓаните“.

Се вчитува...