Манчестер Сити барем неколку часа ќе помине на врвот на Премиерлигата по триумфот на Вест Хем Јунајтед со 3-0 во 17. коло.
„Граѓаните“ го отворија натпреварот уште во 5. минута од средбата со голот на Халанд. Рејндерс во 38. минута донесе „двојно“ водство пред Халанд да ја потврди победата со својот втор гол во 69. минута.
Овој триумф носи лидерска позиција за Манчестер Сити кој сега има 37 бодови, бод повеќе од Арсенал, но и натпреар повеќе од „топчиите“.
Во останатите натпревари:
Бормут – Барнли 1-1
Брајтон – Сандерленд 0-0
Вулверхемптон – Брентфорд 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

