Со оглед дека Џанлуиџи Донарума е првиот избор на Манчестер Сити оваа сезона на голманската позиција, резервниот голман на оваа екипа Џејмс Трафорд може да си замине од екипата. Како негова следна дестинација се споменува Тотенхем, особено ако Гиљермо Викаријо се врати во Италија.
Младиот голман на Манчестер Сити е приоритет за новиот тренер Роберто Де Зерби, кој сака да изгради нов тим, кој ќе се врати во горниот дел на табелата во Премиерлигата.
23-годишниот Трафорд се смета за еден од најталентираните англиски голмани, иднина на репрезентацијата, меѓутоа развојот во Сити му е под знак прашалник, ако се има во предвид дека Пеп Гвардиола целосно му верува на Донарума, по неговото доаѓање од ПСЖ.
Трафорд дојде во Сити од Барнли во 2025 година и се очекуваше брзо да стане прв голман. Меѓутоа по доаѓањето на Донарума јасно беше дека за него нема иднина на „Етихад“. Инаку тој потекнува од школата на Сити, а потоа мина на позајмица во неколку клубови, па со перманентен трансфер во Барнли, пред повторно да се врати во Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

