Манчестер Сити го продолжи договорот со голманот херој

Стефан Ортега, германскиот голман кој е дел од Манчестер Сити, го продолжи договорот со „Граѓаните“ на уште две сезони. Англискиот првак се одлучи да му даде нов договор на Ортега, кој во штотуку завршената сезона се претвори во „скриен херој“ откако му одбрани клучен шут на Сон кога Сити гостуваше кај Тотенхем, и со таа победа тимот на Пеп Гвардиола се доближи до титулата.

Ортега во минатото беше дел од Арминија Билефелд, од каде дојде во Сити, што за многумина беше крајно изненадувачки потег на Гвардиола.

Инаку Сити во следниот период ќе треба да одлучи што ќе прави и со првиот голман Едерсон. Голема е веројатноста Бразилецот да биде продаден, со оглед на неговото однесување токму на мечот со Тотенхем. Наводно Гвардиола многу се налутил на голманот за тој потег, па планира да го продаде во Саудиска Арабија. Се споменува дека Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид ќе пристигне во Сити, а Симеоне, пак, ќе тргне по Андреј Лунин од Реал Мадрид.

Се вчитува...