Манчестер Сити го промовираше Халанд

Манчестер Сити денеска и официјално го промовираше Ерлинг Халанд за нов фудбалер. Халанд доаѓа од Борусија Дортмунд, каде играше во последните две и пол сезони, а претходно беше дел од Салцбург.

Норвешкиот репрезентативец потпиша на пет години со „граѓаните“, а Пеп Гвардиола добива врвен напаѓач со кој следната сезона ќе го напаѓа трофејот кој му недостасува на тимот – Лигата на шампионите.

„Ова е голем ден за мене и мојата фамилија. Секогаш го следев Сити и сонував еден ден да играм тука. Возбуден сум што ќе бидам дел од тим кој игра отворен фудбал, креира многу шанси, и тоа е одлично за играч како мене. Има многу врвни играчи тука, а Пеп е еден од најдобрите тренери на сите времиња, и сметам дека ја донесов вистинската одлука. Сакам да постигнувам голови, да освојувам титули и да се издигнам како фудбалер тука. Со нетрпение чекам да почне сезоната“, рече Халанд.

Директорот на Сити, Џики Бегирштајн го коментираше трансферот на Халанд.

„Го следевме Ерлинг неколку години, и среќни сме што успеавме да го донесеме. Тој е голем талент и еден од најдобрите напаѓачи во Европа во последните неколку години. Ерлинг е она што го посакуваме и мислам дека добро ќе се вклопи во нашиот тим“, рече Бегирштајн.

Се вчитува...