Манчестер Сити го „собра“ најдобриот фудбалер на сензацијата во Ла Лига

Еден од најдобрите фудбалери на сензацијата на сезоната во шпанското првенство, Гирона кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. Станува збор за 19-годишниот Савио Мореира.

Младиот Бразилец кој е на позајмица во Гирона од француската Троја досега настапи на 27 натпревари на кои забележа седум говои и седум асистенции па го примами интересот на европските великани. За неговиот потпис постоеше интерес и од Германија и други клубови од Англија, но на крајот изборот падна на „граѓаните“.

Голем придонес за тоа е што францускиот, шпанскиот и англискиот тим ги спојува „Сити групацијата“ па реализацијата на трансферот воопшто не беше тешка. Засега останува непознато колкава сума ќе издвои Манчестер Сити за трансферот, но познато е Пеп Гвардиола ќе може да смета на неговите услуги на почетокот на следната сезона.

Се вчитува...