„Манчестер Сити и ПСЖ мамат, со години не работат чесно“

Претседателот на елитното шпанско фудбалско натпреварување Ла Лига, Хавиер Тебас повторно испрати жестоки критики на сметка на европските фудбалски гиганти обвинувајќи ги за неодрживо работење и манипулирање со правилата.

Овој пат Тебас се осврна на Манчестер Сити и ПСЖ за кои вели дека мамат и со години работат во загуба што не е чесно и им носи преднсот пред остнатите клубови.

„Манчестер Сити со години работи во минус откако го превземаа новите сопственици. Тоа не е нормално, ниту пак чесно. ПСЖ е уште поекстремен случај. Седум години по ред бележат загуба од 200 милиони евра. Како ние да се натпреваруваме со такви клубови?

Можете да бидете во загуба една или две сезони, а не десет. Тоа не е модел. Тоа е мамење. Премиерлигата е загрижена поради големите задолжувања бидејќи постојајно работат со загуба“, изјави Тебес.

Се вчитува...