Манчестер Сити и со деца ја преслуша Црвена Звезда

Манчестер Сити триумфално ја заврши групната фаза од Лигата на Шампионите откако актуелниот еврпоски првак славеше со 2-3 на гостувањето против Црвена Звезда. Пеп Гвардиола им даде шанса на голем број играчи од младинскиот состав, но и со таква екипа „граѓаните“ успеаја да стигнат до трите бода. Токму младите Хамилтон и Боб ги постигнаа првите два гола за Сити за водство од 0-2, нешто подоцна од пенал стрелаше и Калвин Филипс, додека стрелци за Црвена Звезда беа Хванг и Катаи.

Сити го освои првото место во групата, пред Лајпциг, додека Црвена Звезда неславно го заврши настапот во ЛШ сезонава, со четврто место кое значи крај на оваа европска авантура.

Лајпциг славеше со 2-1 на домашен терен против Јанг Бојс, меч на кој трите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Домашниот тренер го изротира тимот со осум измени во однос на последниот бундеслигашки меч, но Лајпциг и со комбиниран состав стигна до победата благодарение на погодоците на Шешко и на Форсберг.

Се вчитува...