Манчестер сити е победник од трката по Клаудио Ечевери, новиот аргентински суперталент кој го привлече вниманието на јавноста по извонредните настапи на младинскиот мундијал. Ечевери има само 17 години, па иако настапуваше против три години повозрасни фудбалери младиот Аргентинец блескаше на теренот, привлекувајќи го вниманието на најголемите европски клубови.
Тој воедно обелодени и дека нема да потпише нов договор со Ривер Плејт, принудувајќи го клубот да го продаде, но и со тој потег значително намалувајќи ја својата цена. Неколку клубови испратија понуди, но на крајот Ечевери и Ривер ја избраа онаа на Манчестер Сити, со која „новиот Меси“ ќе има можност да ја почне својата европска кариера под водство на Пеп Гвардиола.
Според договорот на двата клуба, Манчестер Сити ќе плати 25 милиони евра за потписот на аргентинскиот суперталент, воедно и ќе дозволи Ечевери да остане уште 12 месеци во дресот на Ривер, па потоа во јануари 2025 година да се пресели во Англија.
Останува да се види дали аргентинската „ѕвезда во подем“ веднаш на 18-годишна возраст ќе се избори за место во првиот тим на Манчестер Сити, или Ечевер во јануари 2025и ќе биде испратен на позајмица, за да собере европско искуство пред да го облече дресот на „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА