Манчестер Сити ја одреди цената за Грилиш

Манчестер Сити го испрати Кајл Вокер во Барнли, а следен на листата играчи на кои Пеп Гвардиола воопшто не смета е Џек Грилиш. Крилниот офанзивец веќе подолго време е во немилост на трофејниот стратег, воопшто не беше повикан во тимот за клупскиот мундијал во САД, а неговиот агент веќе доби инструкации што поскоро да најде нов клуб за поранешниот ас на Астон Вила.

Последните информации говорат дека „граѓаните“ ја одредиле и цената за овој фудбалер, па клубовите заинтересирани за Грилиш ќе треба да издвојат 40 милиони фунти ако сакаат да го доведат во своите редови. Цената е ниска ако се знае дека Сити плати над 100 милиони фунти за да го доведе овој фудбалер од Астон Вила, но од друга страна и ризична со оглед на променливата форма на поранешниот англиски репрезентативец во последните две сезони.

Наполи е тимот што покажуваше интерес за Грилиш заедно со Баер Леверкузен, но овие две екипи се подготвени само за едногодишна позајмица, не и за перманентен трансфер на крилниот офанзивец.

Се вчитува...