Жоао Кансело по истекот на позајмицата во Барселона повторно е член на Манчестер Сити, но повеќе од јасно е дека португалскиот десен бек повторно ќе го напушти англискиот првак по несогласувањата што ги имаше со Пеп Гвардиола пред повеќе од една година.
„Граѓаните“ ја одредија и цената за овој фудбалер, па ако пред една година бараа 50 милиони евра за трансферот на Кансело, сега таа сума е спуштена на 30 милиони евра. Дефанзивецот влегува во последната година од договорот со Сити, па англискиот шампион ќе настојува да заработи барем нешто од неговиот трансфер, ставајќи до знаење дека трета позајмица (по оние во Баерн и во Барселона) воопшто не доаѓа во предвид.
На потег се челниците на Барселона, кои ќе треба да решат дали ќе го задржат офанзивниот бек во своите редови. Кансело беше многу важен играч кај Чави, новиот тренер Флик исто така дал до знаење дека би сакал Португалецот да остане во екипата, но претседателот Лапорта ќе треба да реши дали да инвестира 30 милиони евра за да го откупи овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА