Манчестер Сити ја зголеми понудата за Рејндерс, сега дава 80 милиони евра

Откако одби 60 милиони евра од Манчестер Сити за услугите на Тејани Рејндерс, „граѓаните“ се подготвени да ја зголемат сумата на уште 20, и да понудат 80 милиони евра на Милан за услугите на играчот од средниот ред.

Тоа би требало да биде доволна причина „росонерите“ да размислат да го продадат најдобриот играч од средниот ред. 26-годишниот холандски репрезентативец сезонава постигна 10 гола и запиша 4 асистенции на 37 меча во италијанскиот шампионат. Тој беше прогласен за најдобар играч во средниот ред во Серија „А“.

Рејндерс би требало да дојде како замена за Кевин де Брујне, кој бесплатно го напушти тимот на Манчестер Сити, и најверојатно ќе замине во Наполи.

Се вчитува...