Англискиот премиерлигаш Манчестер сити ќе остане без услугите на Лирој Сане одреден период, откако германскиот интернационалец заработи повреда на коленото на денешниот натпревар од ФА купот на Англија против Кардиф. Тој беше грубо фаулиран од противничкиот играч Џо Бенет пред самиот крај на првото полувреме, а по одморот на негово место во игра влезе Серхио Агуеро.
Менаџерот Пеп Гвардиола е загрижен за повредата на Сане.
„Тој сигурно ќе биде надвор од терените во наредниот период. Дали се работи само за седмици, или и за неколку месеци, ќе покажат деталните медицински прегледи“, изјави разочарано Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА