Бразилскиот фудбалер Родриго игра во одлична форма во 2025 година, по предизвикувачката 2024 година поради прилагодување кон доаѓањето на Килијан Мбапе. Бразилецот со настапите во нокаут фазата од Лигата на шампионите покажа дека останува важен играч во тимот на Карло Анчелоти. И покрај ова, се погласни се шпекулациите за неговото заминување.
Бразилецот повеќепати јавно изјави дека сака да остане во Реал, но тоа не ги спречи Манчестер Сити и Ливерпул да продолжат да покажуваат интерес. Родриго наводно ја одбил понудата од Сити минатото лето.
Меѓутоа сето ова не го обесхрабри Сити. Пеп Гвардиола е голем фан на Родриго, а Сити планира голем ремонт на тимот ова лето, што би значело и заминување на Бернардо Силва. Според некои шпански медиуми, Сити неодамна одржал состанок со таткото на Родриго.
Инда тврди дека таткото на Родриго и неговиот тим негираат дека средбата се случила, но според неговите извори, средбата се случила пред две до три недели. За време на разговорите, Сити му понуди на Бразилецот две клучни работи – значително зголемување на платата и слобода да игра на неговата претпочитана лева страна, што не е можно во Реал Мадрид.
Сето ова не значи дека 24-годишниот десно крило ќе го напушти Реал Мадрид, но е уште еден во низата сигнали дека би можел да се пресели во Премиер лигата. Родриго е под договор до летото 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА